Запалена сува трева можна причина за големиот пожар кај Василево

Од:

Повеќе од четири часа пожарникари од Струмица, Радовиш и Ново Село го гаснеа пожарот на влезот во Индустриската зона во село Василево, во кој вчера целосно изгоре салон за мебел на компанијата „Савело“.

Според Александар Гудев, заменик командир на Противпожарната единица на Струмица, во 14,20 пожарникарите биле алармирани за големиот пожар.

– Во првото јавување за пожарот кај нас беше регистрирано дека станува збор за запалена сува трева. Кон местото на пожарот беше упатено едно возило, но веднаш потоа и друго поради сериозноста на пожарот, а потоа и другите. Во совладување на пожарот учествуваа 21 пожарникар, тројца вработени од ЈПКД „Комуналец“ и девет возила, информира заменик командирот Гудев.

Гаснењето на пожарот траело повеќе од четири часа, односно пожарот е локализиран во 19,20 часот. Причина за него бил силниот ветар што дувал и уште повеќе го распламтел пожарот.

Во пожарот нема повредени.

Пожарникарите не дозволиле огнените јазици да се доближат до бензиската пумпа, што од изгорениот објект е оддалечена само десетина метри, односно од него ја дели улицата преку која се влегува во Индустриската зона во Василево.

Според првичните проценки штетата е голема, а причините за пожарот допонително ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски