Западен Балкан веќе не е чекалница и одбива да биде оставен назад, порача Мицкоски од Самитот во Скопје

Од:

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

-Предводиме на патот на реформите, кои значат од подобро владеење и почиста енергија, пофер правда и силни бизниси. Докажуваме дека промената е возможна кога работиме заедно со одлучност и визија, истакна Мицкоски.

Осврнувајќи се на тоа дека Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши договорот за предфинансирање во рамки на Планот за раст, Мицкоски истакна дека тоа е рефлексија на довербата која ја уживаме во однос на нашата заложба, посветеност, владеењето на правото и економската модернизација, поставувајќи пример за нашите соседи и забрзувајќи го нашиот пат кон ЕУ.

-Овој европски пат им припаѓа на сите граѓани, на сите бизниси, на секоја заедница, сите да бидеме дел од оваа трансформација. Кредибилитетот на Планот на ЕУ се заснова на исполнување на ветувањата и испорачување на придобивките, граѓаните треба да ги почувстуваат продобивките од интегрирањето сега во нивните бизниси, во институциите, во секојдневниот живот. Сите имаме заедничка иднина и за да обезбедиме единство и стабилност потребно е да работиме заедно како соседи, како партнери, како регион. Заедно можеме да изградиме силен и поврзан регион, кој е просперитетен, инклузивен и европски, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Западен Балкан е витален дел од европската сегашност и суштински за нејзината иднина. Тоа, како што додаде, е регион со богат со потенцијал и амбиции, што често пати е засенето од наративи на поделби и одложувања.

-Но кога ќе погледнам во просторијава гледам различни приказни, регион дефиниран од дух кој одбива да биде оставен назад. Овој Самиот е посветен на заедничка визија, визија во која се зголемуваат инвестициите, иновациите цутат, а интеграцијата создава можности, кои се достапни за сите, визија во која Западниот Балкан повеќе не е чекална, туку регион кој се движи, расте и еволуира. Како Влада оваа визија не води во секој чекор што го правиме, во нашите заеднички реформски напори и регионалната соработка, рече Мицкоски.

Додаде дека како Влада презеле важни чекори, од забрзувањето на преминот на границите, до приклучување кон системот за плаќање СЕПА.

-Посветени сме на усогласување со ЕУ стандардите од безбедност на производите до дигитален идентитет. Овие напори ја потенцираат нашата посветеност за подлабока интеграција и обезбедуваат највисоки стандарди за нашите граѓани и партнери, додаде Мицкоски.

На самитот чиј домаќин е премиерот Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

Се прави естрада, не треба да се посветува внимание, Мицкоски за случајот „Аца Лукас“

(ВИДЕО) Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати

А1он

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

ВИДЕО: Од 3.000 сакаат да земаат 5.000 евра плата, Мицкоски за судиите