Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство

Од:

Развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и регионалните предизвици и европската перспектива на Северна Македонија, биле тема на разговор на средбата на Министрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Османи, било констатирано дека текот на имплементацијата на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е многу значајна компонента во развојот на целокупните релации, а било разговарано и за континуираната успешна соработка во областа на одбраната, како исклучително значајна долгогодишната британска поддршка за јакнење на воените капацитети на нашата земја и секако за соработката во НАТО, како уште една алка на поврзување и соработка на двете земји во иднина.

Османи и Трас, констатирале дека Западниот Балкан има важна улога за севкупната стабилност и напредок на Европа, а интеграција на регионот во Европската Унија претставува взаемен геостратешки интерес од политички, безбедносен и економски аспект. Соговорниците, се вели во соопштението, се согласиле дека е неопходен и засилен ангажман и присуство во регионот на Обединетото Кралство, САД и Европската Унија што ќе придонесе кон остварување на заедничката цел – стабилен и просперитетен Регион. Европската и евроатланската перспектива остануваат главна движечка сила за трансформација на сите земји од Регионот во демократски и економско развиени општества и во таа насока отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија позитивно на стабилноста и долгорочниот развој на целиот континент.

Османи на маргините на министерскиот состанок во Лондон се сретна и со Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, но и со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисерка Турковиќ. Исто така, министрот Османи се сретна и со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон како и со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Премиерот, Борис Џонсон, каде што се зборуваше за нови потенцијали за бизнисите; потенцијали и за нови странски инвестиции, но и можности за проширување на постоечките бизнис капацитети во земјава.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов