Запад стравува од терористи од Балкан

Од:

Поранешниот македонски известувач Горан Митевски тврди дека Запад посебно стравува од можноста на регрутирање на потенцијални терористи од Косово, БиХ, Албанија и Македонија.

Тие по својата физиономија не се разликуваат од другите европски народи, поради што можат на полесен начин да изведат терористички напади на Европа.

Митевски смета дека главна опасност од експанзија на вехабизмот во регионот доаѓа од Косово, каде што се шири со доста голема брзина, како резултат на сиромаштијата и кризата во исламско верската заедница.

-Локалните вехабисти кон крајот на 2008 година започнаа со закани на католиците на Косово, кои пак почнаа да се иселуваат – нагласува Митевски, пренесуваат македонските медиуми.
Тој сметаат дека започнал процес кој ќе трае со години и дека тоа е тест за Европа.
Според странските безбедносни структури присутни на Косово, веќе е идентификувана група за поттикнување на вехабизмот на Косово.

На нивните листи се имињата кои живеат во Косовска Митровица и Србица.

Истрагата на безбедносните служби на Еулекс покажува дека во игра се и неколку исламски невладини организации, за кои постои сомневање дека илегално се вмешани во финансирање на вехабизмот на Косово.

Меѓу нив најактивни се „Рака за помош“, „Икра“, „Дрита“, „Сојузот на исламската младина“, како и иранскиот културен центар „Курани“ од Призрен.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ