Замирисани пелени и урина во шишиња причина за евакуацијата на зградата во Скопје

Од:

По евакуацијата и неколку часа пребарување од страна на антитерористичките единици, откриена е причината за остриот мирис во влезот на зградата во „Скопјанка“. Одговорот, се криел токму под скалите каде живеел бездомник кој уринирал во пластични шишиња и искористени пелени во еден од становите, дознава „А1он“

„А1он“ дознава дека биле пронајдени стотина шишиња со урина во импровизирано живеалиште под скалите, каде наводно живеел бездомникот на еден душек. Истовремено во стан на вториот кат, број 11 биле пронајдени употребени пелени од каде исто се ширел јак мирис.

Во станот имало голем број на пелени, поради што тој ќе треба да биде исчистен и дезинфициран. Во станот влезе полицијата и екипи за дезинфекција, а во него живеат две жени од кои едната има над 90 години.

Станарите останаа повеќе од шест часа пред своите домови, а истовремено, полицијата, противпожарна екипа и војската пребаруваа во зградата.

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан