Заменикот народен правобранител од Куманово повика да се пријават евентуални нерегуларности

Од:

Заменикот народен правобранител од Куманово Насер Весељи, денеска ги информираше граѓаните за важноста од избирачкото право и начин на оставрување и апелираше до институциите и надлежните за обврската и одговорноста од создавање услови за оставрување на избирачкото право.

Според Весељи секој има право да се изјасни за својата опција и граѓаните се тие кои одлучуваат и никој нема право да ги уценува, притиска и заканува за нивната одлука.

– Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните да пријават форма на притисок, за што е отворена бесплатна телефонска линија 0800 54321 и во канцеларијата во Скопје и во подрачните канцеларии низ републиката, изјави Весељи.

Апелираше и до раководителите на институциите од јавната администрација да не вршат притисоци до вработените, кои пак ги охрабри да ги пријават евентуалните притисоци.

Особено внимание, рече тој, треба да се посвети и на децата кои треба да се заштитат и да не се инволвираат во избрната кампања. Во однос на вработените кои за време на изборниот ден се на своите работни позиции, работодавачот треба да обезбеди простор, вработените да го искористат своето право на глас. Што се однесува до немоќните и болни лица, како што рече Весељи, ДИК треба да обезбеди нивен целосен опфат без дискримиација во местата каде престојуваат односно, старските домови, болниците и сличмни установи.

Според Весељи, медиумите имаат клучна улога и потребно е објективно, избалансирано информирање и придржување кон етичкиот кодекс за информирање.

– Ако слободните избори со тајно гласање се столбот на демократијата, тогаш обврската на сите чинители во општеството е да обезбедат реални услови за фер и демократски избори, заклучи Весељи.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски