Заменик министерот Нухиу на конференција за сузбивање на сериозен криминал во Бриндизи

Од:

„Сузбивањето на најголемото зло – тероризмот и транснационалниот криминал, кои претставуваат глобален предизвик во целиот свет наложуваат сериозен пристап, меѓуинституционална соработка и соработка помеѓу полициите не само од земјите од регионот, туку и пошироко. Во рамки на постапувањето на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, меѓународната полициска соработка е од исклучителна важност при идентификување, профилирање и сузбивање на криминални групи и мрежи кои делуваат на меѓународно ниво“.

Ова, меѓу другото, го истакна заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу во своето денешно обраќање на дводневната конференција посветена на сузбивањето на сериозен криминал во Западен Балкан, што се одржува во Бриндизи, Италија, а во организација на италијанското министерство за внатрешни работи.

Заменик министерот Нухиу потенцираше дека Република Македонија минатата година го воспостави Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, како надлежно тело за градење на стратегии, координација на активностите помеѓу значајните субјекти во делот на рана идентификација, спречување, па се до гонење и санкционирање на сторителите.

„Во таа смисла, во април годинава усвоени се и двете национални стратегии со акциски планови за реализација на стратешките цели, и тоа Национална стратегија за спречување насилен екстремизам и Национална стратегија за борба против тероризам, стратешки документи развиени врз заеднички водечки принципи и стратешки цели, кои се во функција на безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеење на правото и демократските вредности и градење на инклузивни институции“, истакна Нухиу.

Покрај ова заменик министерот Нухиу потенцираше дека заради остварување на зголемена и поефикасна соработка меѓу земјите од регионот, но и меѓу земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ, потребно е промовирање на Политичкиот циклус на приоритети на ЕУ, систем кој досега се покажа како навистина ефективен во однос на определувањето на стратешки приоритети не само во полициските служби, туку и во јавните обвинителства, потоа едукација и обука на истражители и аналитичари во делот на финансиски податоци, борба против корупција, следење на состојбата на регионално ниво, но и пошироко.

 

Инаку во текот на денов, на маргините од министерската конференција, заменик министерот Нухиу заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски, ќе остварат средба со шефот на италијанската полиција, генералниот директор за јавна безбедност Франко Габриели, како и со заменик министерот за внатрешни работи на Република Италија, Стефано Кандиани.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он