Заменик министерката Арсовска-Томовска на средба со градоначалникот Бејта

Од:

Градоначалникот Невзат Бејта денеска во Гостивар имаше средба со заменик- министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.

Посетата, според Бејта, е доказ дека Општина Гостивар има добра соработка со централната власт.

– Ја информирав заменик-министерката за проблемите кои ги имале училиштата со компјутерите во минатиот период односно не се користеле или се злоупотрбувале. Компјутерите кои беа расипани или собрани во една училница како непотребна техника, сега се ставени во служба на ученциите во сите училишпта, особено во гимназијата и економското училиште, со цел учениците да имаат можност да акумулираат што повеќе знаење, изјави градоначалникот на Гостивар.

На средбата Арсовска-Томовска и градоначалникот Бејта разговарале и за легализацијата на дивоградбите, при што било истакнато дека во процедура за легалзиација се 8.000 објекти.

– Досега се легализирани 2.000, а само во текот на овие 4 месеци наше раководење успеавме да легализираме над 200 вакви објекти. Сите граѓани кои доставиле барање се информирани писмено и телефонски за да го искорситат законот за легализација во текот на едногодишниот период кој го имаат на располагање, истакна градоначалникот Невзат Бејта.

Заменик-министерката Арсовска-Томовска, рече дека идејата на овие посети е од централно ниво, за да се проследат кои се новите проекти кои се работат на централно ниво, а што се во рамки на надлежностите на министерство, но и директно од градоначалниците да се запознаат што се случува во општините.

– Станува збор за два закона, и тоа: Законот за инспекциски надзор и Законот за формирање државна комисија за решавање во втор степен за прекршување на инспекцискиот надзор, кои ја поминале владината постапка и ќе продолжат на собраниска процедура. Овие закони имаат за цел зголемување на ефиксаноста на инспекциските служби со цел правилна примена за законите кои ќе бидат во процедура. Значи, целта не е само да се донесат законите, туку и да се применат доследно, рече Арсовска-Томовска.

Градоначалникот на Гостивар ја информирал Арсовска-Томовска и дека првата електронска дозвола ќе биде издадена во текот на наредната недела.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он