Законски измени за регулирање на исплатата на плати на вработените во јавните ученички и студентски домови

Од:

Владата синоќа на седницата ги разгледа и усвои Предлог законите за дополнување и изменување на законите за ученички и студентски стандард, со кои ќе овозможи да се доделат средства за исплата на плати на вработените во овие домови, во услови на вонредни КОВИД-19 околности од страна на Министерството за образование и наука.

-Двата предлог-закони одделно се однесуваат на измени со кои се регулира доделувањето на средства на јавните ученички домови и на државните студентски домови за исплата на плати на вработените во овие домови во услови на вонредни КОВИД-19 околности од страна на Министерството за образование и наука, соопшти Владата.

Платите на вработените во јавните ученички и студентски домови се финансираат преку партиципацијата која домовите ја добиваат по сместен студент или ученик.

Од Владата потсетуваат дека голем дел од студентите и учениците немаат потреба од сместување во ученичките и студентски домови и се намалија и приходите на јавните ученички и студентски домови, со што се загрозува нивното секојдневно работење и можноста да се исплатат платите на вработените поради недостиг на средства.

-Со прогласувањето на епидемијата заради вирусот КОВИД-19, голем дел од високообразовните установи и средните училишта организираа онлајн настава, заради што голем дел од студентите и учениците немаат потреба од сместување во ученичките и студентски домови и се намалија и приходите на јавните ученички и студентски домови со што се загрозува нивното секојдневно работење и можноста да се исплатат платите на вработените поради недостиг на средства, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези