А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Законски измени за подобро водење на Регистарот за педофили

by А1он07/07/2014 - 14:02179
Share0

Прецизирање на податоците во Регистарот за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, т.н. Регистар на педофили, усогласување на кривичните дела со измените на Кривичниот законик, дополнување на податоците за овие лица кои што треба да бидат внесени, определување на органот надлежен за доставување на податоците како и определување на рокот за доставување имаат за цел измените и дополнувањата на законот за водење на ваквиот регистар кои денеска во прво читање поминаа на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Добивај вести на вибер

Тие треба да обезбедат подобро функционирање и водење на Регистарот за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, со што ќе се овозможи превенција и заштита на децата од сексуална злоупотреба и педофилија, преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а кои се осудени за вакви кривични дела.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов појасни дека со измените на овој Закон, кој е донесен во јануари 2012 година, се врши прецизирање на термините и кривичните дела односно нивно усогласување со Кривичниот законик.

Се врши и дополнување на податоците што треба да бидат внесени во Регистарот, рече министерот Спасов, и тоа за висина на казната, датум на започнување на издржување на казната, датум на прекин на издржување на казната, промени во текот на издржување на казната, датум на отпуштање на издржување казна затвор, датум на бришење од регистарот и забелешка.

Со предложените измени и дополнувања е утврден и начинот на внесување, ажурирање и промена на податоците, определен е органот надлежен за доставување на податоците, како и рокот за нивно доставување. Исто така, се прецизира и обврската на надлежниот судски орган да го евидентира пријавувањето како и да го извести лицето за неговата обврска да ја пријави секоја промена на личните податоци и на местото на живеење, односно престојување во рок од три дена во судот.

– Во период од 2,5 години колку се води Регистарот, го посетиле околу 280 илјади граѓани и поради тоа сметаме дека неговото постоење е целисходно и оти овозможува заштита и превенција и на децата и поголема информираност на родителите, рече министерот за труд и социјална политика.

Додаде дека тој период бил доволен да се утврди со што може да се подобри функционирањето на овој регистар, од каде потекнала и потребата за овие измени и дополнувања.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика кои дискутираа по законот беа едногласни во ставот дека водењето на ваков Регистар е потребно и оти помага во превенцијата на педофилијата и заштита на децата од вакви кривични дела.

Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овие кривични дела се врши најгрубо кршење на правата на децата кои се запишани во Конвенцијата за правата на децата на ОН, затоа што тоа остава широк дијапазон на последици и здравствени и социјални врз неговиот развој. Поради тоа, рече, се што се прави во насока на заштита на децата од вакви кривични дела е добредојдено.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски11/09/2025 - 16:2111/09/2025 - 16:27

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски24/08/2025 - 10:3524/08/2025 - 11:38

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Горан Наумовски23/08/2025 - 12:53

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Горан Наумовски20/08/2025 - 13:07

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски20/08/2025 - 13:0020/08/2025 - 13:01

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Горан Наумовски18/08/2025 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен