Законски измени и годишни извештаи на редовна седница на Владата

Од:

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница, на која, меѓу останатото, ќе расправа за Предлог – законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, како и за Информацијата за креирање на политиките и спроведувањето на реформа во шумарскиот сектор во земјата.

На седницата ќе биде разгледана и Информацијата за одржаниот 8.состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација во Скопје.

Меѓу точките на дневен ред е и Информацијата со предлог Акциски план за развој на културата на Ромите согласно со Стратегијата за Роми 2014-2020, а ќе биде претставен и Извештајот за текот на работата при изготвување на нацрт верзијата и акцискиот план за спроведување на Националната стратегија за развој на концептот за „Едно општество и интеркултурализмот“, со предлог одлуки.

На барање на Собранието, Владата треба да донесе мислење за годишните извештаи за 2018 година за работата на Македонската радио телевизија, на Агенцијата за електронски комуникации, и за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Редовната, 134. седница на Владата е предвидено да започне во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски