А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Законот за спречување на корупцијата по итна постапка на собраниска седница

by А1он16/01/2019 - 08:1416/01/2019 - 10:51159
Share0

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 80. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка и со европско знаменце.

Добивај вести на вибер

Владата на Република Македонија на вчерашната 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а инкорпорирани се и препораките на ГРЕКО, на експертските извешати и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година.

За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да го поддржат законот во ваква форма изразувајќи сомневања дека се подготвува „нов чадор што подоцна би служел за притисок врз политичките неистомисленици“. Поднесоа и амандмани.

Министерката за правда Рената Дескоска, минатата недела на брифинг со новинарите за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, посочи дека дел од амандманите може да бидат прифатени, но оти најголемиот дел се неприфатливи како оние со кои се бара да се тргне надлежноста на идните членови на ДКСК да вршат увид во банкарските сметки на функционерите и барањето за бришење на условот за забрана за политизација на членовите.

– Апелирам до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат свесни за значењето на Законот за спречување на корупција и да се откажат од одредени барања што ги имаат, кои треба да придонесат за намалување на значењето, улогата и надлежностите на ДКСК. Сметам дека тоа се барања што не може да бидат удоволени. Ако бидат удоволени тоа ќе значи носење на закон што нема да биде согласно препораките на Европската комисија, што е неприфатливо за нас како Влада, рече Дескоска.

Министерката за правда посочи дека за нив е неприфатливо и барањето да се формира Национален совет за борба против корупцијата, бидејќи тоа би значело паралелизам во делувањето и работата на Антикорупциската комисија.

ДКСК е нефункционална откако оставки поднесоа пет членови на Комисијата поради наводите за ненаменско трошење на буџетски средства од нивна страна. На 19-ти март 2018 година Собранието на Република Македонија донесе одлука со која од функцијата се разрешени пет членови на ДКС, а порано, на 1-ви март 2018 година, по објавувањето на наводите за ненаменско трошење на буџетски средства во ДКСК, забелешки и препораки од внатрешен ревизиорски извештај, Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека скопското Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК.

korupcijasobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Горан Наумовски11/02/2026 - 16:57

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Горан Наумовски11/02/2026 - 15:17

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Горан Наумовски22/01/2026 - 19:59

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен