Законот спречува Самоопределување да дејствува во Македонија, Меџити вели: Тие веќе делуваат во земјава

Од:

Законот за политички партии не дозволува Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти да делува во Македонија, бидејќи во членот 8 од Законот за политички партии е наведено: „Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“.

Сепак, претседателот на Деморкатското движење, Изет Меџити за А1он вели дека Самоопределувње веќе делува во Македонија, бидејќи Беким Ќоку, кој е од Струга, работи како советник на Курти и е член на Самоопределување. Но, не кажува дали Ќоку ќе се најде на листите како независен кандидат, бидејќи движењето Самоопределување не постои во македонскиот правен систем.

„Тие веќе делуваат во Македонија, пример Беким Ќоку е советник на премиерот Курти, тој е стружанец. Движењето Самоопределување делува и сега. Ќоку бил пратеник и претходно од Алијансата за Албанците, а сега ќе биде на нашите листи. Тие немаат формирано политичка партија, човекот е државјанин на Македонија, ама е советник на Курти и е член на Самоопределување“, вели Меџити за А1он.

Дека Самоопределување ќе биде дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“ во неделата најави самиот Меџити, кој посочи дека со влегувањето на Самоопределување, коалицијата веќе се состои од четири политички партии, од кои три од Македонија и една од Косово.

Би можело да ве интересира

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Меџити: Дали Османи и Ахмети ќе продолжат да стојат пред ВМРО-ДПМНЕ за да прават влада со „албанофобот“ Мицкоски

Катерина Ѓуровски