Законот со потпис лета назад, собранието продолжува со работа

Од:

За во 21.30 часот е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која треба да се утврде предлог кандидатот кој ќе ја извршува функцијата специјален јавен обвинител. Претседателот, Ѓорге Иванов, го потпишал указот и законот се враќа назад за да продолжи работата на Собранието.

„Согласно процедурата законот е потпишан од претседателот Иванов и е предаден во Собранието“, изјавија од кабинетот на Иванов.

Од 18.00 часот денеска пратениците го чекаат потписот на Иванов. Предлог кандидатот треба да помине низ комисиска расправа, а потоа да го изгласаат и мнозинството пратеници на пленарна седница. При тоа потребно е да се запази бадинтеровото мнозинство.

Специјалниот јавен обвинител ќе биде задолжен за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Откако Собранието ќе ја донесе одлуката, вечерва се очекува да ја потврди и Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции