Законите за задолжница и за финансиска дисциплина на собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 29-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за задолжница и на Законот за финансиска дисциплина, двата по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за академија за наставници, за наставници во основните и средните училишта, за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, и за високо образовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование, четирите во прво читање.

На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за заштита на децата, за производи за заштита на растенијата, за здравствена заштита, за квалитет на амбиенталниот воздух, за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани и отпадни води, и за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, сите во прво читање.

Во рамките на седницата ќе се расправа и за Предлог-законот за градежно земјиште, во прво читање и Предлог-втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година. 

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба