Законите за енергетика, за виското образование и за лековите пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 45. седница.

На дневен ред се предлог-законите за странци, за енергетика, измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, Законот за вработување инвалидни лица, сите во прво читање.

Во второ читање на дневен ред на оваа седница се Предлог-законот за високото образование, измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за класифицирани информации…

По скратена постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за ревизија, на Законот за хартии од вредност, на Законот за Кредитно биро, на Законот за технолошки индустриски развојни зони…

Собранието ќе расправа и за предлог-законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи и за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог за избор на неизвршен член на Советот на Народната банка на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он