Законите кои се во собраниска процедура би требало да поминат бидејќи има мнозинска поддршка, оцени Маричиќ

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека законите кои се во собраниска процедура би требало да поминат, со оглед на тоа што имаат мнозинска поддршка и покрај новонастаната ситуација по најавената оставка на Зоран Заев од премиерската функција и челната позиција во СДСМ по претрпениот пораз на локалните избори.

Маричиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано, во врска со можниот застој во носењето на законите поради актуелната политичка ситуација истакна дека цел сет закони и претходно биле блокирани од страна на опозицијата и оти тоа не е нова ситуација.

Тој изрази уверување дека по расчистување на оваа ситуација по најавената оставка, се ќе биде сè појасно.

– Веќе подолго време беа блокирани од страна опозицијата, дел од нив се со европско знаме, јас верувам дека по расчистување на оваа стиуација се ќе биде појасно. Тие се во собраниска процедура и би требало да поминат бидејќи има мнозинска поддршка, кажа министерот.

Според него, тие се важни законски проекти, Кривичниот законик, Закон за парнична постапка, и други, кои што се значаен дел од Стратегијата за реформи во правосудството.

Собранието денеска треба да ја одржи 51. седница на чиј дневен ред се повеќе закони, меѓу кои има и такви со европско знаменце како Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија во второ читање, Предлог на закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции во прво читање, Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета во прво читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, Предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители во прво читање, како и Предлог закон за адвокатура исто така во прво читање.

Во однос на должината на судските процеси посочи дека интенцијата со некои од законските измени е да се ограничи бројот на можноста за повторување на некои процеси.

Дигитализацијата, како што кажа, е поврзана со тоа како поефикасно и без бескрајни повторувања да се држат рочиштата и да има исход во судските постапки.

– И таму каде што има зла намера, на некој судија, или некој од странките, постојат механизми и имаме и такви случаи каде што некои судии биле разрешени поради намерно застарување на постапките, тоа е причина за оценка на непрофесионално и нестручно постапување, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов