(ВИДЕО) Закани за бомби и во основни и средни училишта во Скопје и во Битола, родителите и денес повикани да си ги земат децата

Од:

Родители на ученици од основните училишта во Скопје и утрово се повикани да си ги земат децата поради дојава за бомби, а закани денес добиле и училишта од Битола.

Се евакуираат и ученици од средни училишта.

„Дoсега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет  училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел ‘Александар Палас’, хотел ‘Мериот’, трговски центар ‘Ист гејт’, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Во писмото со закани што утрово го добиле Меѓународниот Аеродром Скопје, хотелите и спортските објекти заканувачите бараат укинување санкции.

 

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски