МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Од:

Денеска околу 10 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави, извести МВР.

„Исто така, денеска околу 10.35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во известувањето на полицијата.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски