Закана од родителите: Ќе ги испишеме децата од ОУ 11 Октомври

Од:

Револтирани родители на ученици од ОУ 11 Октомври, се јавија во редакцијата на А1он. Реагираат бидејќи повторно е затворена кујната и поради низата проблеми.

Се закануваат дека ќе ги испишат своите деца од ова основно училиште, бидејќи, не дозволуваат тие да бидат жртви на нечии интереси.

ВД директорот Васко Лазаревски за утре во 8 часот наутро, ги повикува родителите на сите 650 ученици на средба за да се разговара отворено од каде потекнуваат натрупаните проблеми.

Вчера, Лазаревски за А1 он изјави дека нормалното функционирање на училиштето, го блокира Училишниот одбор кој брои 9 члена – 3-ца од редот на родителите, 3-ца од наставниците, 2 претставника од локалната самоуправа и еден претставник од Министерството за образование. Тие со 5 гласа доставиле допис до Централниот регистар со барање да не го прифаќа потписот на ВД директорот.

“Со ова се оневозможува работата на кујната, набавката на санитарни материјали, наставни помагала, неможе да се реализира тендерската постапка за екскурзиите и бидејќи неможе да извршиме плаќања може да ни ја исклучат и струјата. Апелирам да не се блокира работата на училиштето бидејќи 350 деца кои се во целодневна настава не можат да добијат храна. Ги повикувам сите родители на 650 ученици во училиштето да дојдат на состанок во понеделник за да се среди состојбата. Родителите треба да кажат дали навистина членовите на училишниот одбор ги претставуваат и ги бранат интересите на децата”, вели за А1он, Васко Лазаревски.

Претставникот од Министерството за одбрана е адвокат и е претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Центар. За него и за целиот Училишниот одбор, општината поднесе кривична пријава за незаконски избор на директор, бидејќи од 9 члена, имало 10 гласа при изборот.

Костадинова беше разрешена поради труењето на децата, но и низа пропусти во работењето констатирани на седницата на Советот на општина Центар.
Таа во моментов е на боледување, и со себе ги понела и службените телефони и клучевите. Не одговара ниту на телефонските повици ниту на пораките.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски