Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен

Од:

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје, а социјалната сигурност и благосостојбата на заедницата кај повозрасното население во Северна Македонија е еден од главните приоритети на либерално-демократските иницијативи. Специјализирани центри на заедницата за постарите граѓани е една од мерките кои денеска ги презентираше претседателката на Либерално Демократската партија Моника Зајкова придружувана од претседателот на општинската организација при ЛДП Аеродром Андреј Крстевски на средбата со пензионерите во Дом за стари лица Аеродром.

– Укинување на партиципацијата за основи лекови за пензионерите , продолжување на мерките за справување со енергетската криза и обезбедување помош за секој пензионер со ниска пензија. Потребно континуирано одржување на старечките домовите, подобрување на безбедноста како и полесен пристап до граѓанските услуги за пензионерите. Следејќи го моделот на канадскиот додаток за гарантиран приход (ГИС) пензионерите со навршени 65 години и со годишен приход под 200.000 денари во годината да имаат гарантиран приход, а финансиите ќе се обезбедат преку 1% зголемување на даноците за луксузни стоки и 0,5% распределба од националниот буџет. Средствата ќе се распределат преку користење на постојната инфраструктура за дистрибуција на пензиите за ефикасна испорака на бенефиции, рече Зајкова појаснувајќи ги дел од иницијативите на ЛДП.

Канадската програма за старосна безбедност (ОАС) е основна заштитна мрежа за постарите лица. Таа обезбедува скромна месечна исплата на постари лица постари од 65 години.

– Посветена на принципите на демократија, слобода и социјална правда, Либерално-Демократската партија отсекогаш била во првите редови на политиките кои имаат за цел да ја подобрат благосостојбата на сите нејзини граѓани. Здравствени прегледи, едукативни курсеви и социјални активности би се финансирале преку јавно-приватно партнерство и распределба од 0,2% од националниот буџет, врз основа на слични успешни иницијативи во Канада и Велика Британија, додаде Зајкова.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Свртете се во салата и погледнете колку колеги мажи има присутни!

(ВИДЕО) Зајкова: Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите да живеат како да е благосостојба

Горан Наумовски

Зајкова: Секој човечки живот е важен, не смееме да се плашиме да го кренеме гласот против нечовечните, тирански режими

Зајкова: Борбата против современиот патријархат не е завршена, да ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост

Горан Наумовски

Претседателката на ЛДП, Зајкова и Банка за храна поделија пакети за децата во згрижувачки семејства

(ВИДЕО) Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова легализиран со лажна изјава?