Зајкова од Брисел: Либералите од Европа со целосна поддршка за европскиот пат на Македонија

Од:

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, викендов престојува во Брисел на состанок на Бирото на АЛДЕ партијата (ALDE Party – Liberals and Democrats for Europe), во својство на претседателка на Алијансата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) и дел од Бордот на АЛДЕ партијата.

На состанокот, Зајкова го информираше раководството на АЛДЕ за политичките случувања во земјите од соседството, за дејствувањето на либералните партии во регионот и побара поддршка за зајакнување на статусот на либералите во регионот, како и за демократските процеси и европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

„Воедно ја искористив приликата да побарам поддршка за деблокада на евроинтегративниот пат на Македонија преку изнаоѓање на креативно решение, согласно стандардите и вредностите на ЕУ. Либерализмот во Југоисточна Европа има глас, има енергија и има визија. ЛИБСЕЕН е доказ дека прогресивните сили во регионот се подготвени да бидат дел од европските решенија, а не проблем. Либералите мора да делуваат обединето и со јасни политики против популизмот“, напиша Зајкова во објава на социјалните мрежи по завршувањето на состанокот на АЛДЕ групата.

Во рамки на посетата на Брисел, Зајкова реализираше средба и со германската европратеничка и актуелна претседателка на АЛДЕ, Свења Хан, од која двете испратија јасна заедничка порака со која се согласуваат дека е потребна брза интеграција во ЕУ на Македонија и земјите од Западен Балкан.

На средбата беше истакната силната поддршка од страна на АЛДЕ и Германија за евроинтегративниот и реформски пат на Македонија, како и за достигнување на европските вредности и стандарди кон кои се стремиме како држава.

„Горда сум што ЛДП останува глас на разумот, подготвени за креативни и одговорни решенија во однос на уставните измени, како клучен чекор за започнување на преговорите по поглавја и забрзана интеграција во Европската Унија. ЕУ не е само цел – ЕУ е вредност“, изјави Зајкова по завршувањето на средбата со претседателката на АЛДЕ, Хан.

Партијата АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа), е европска политичка партија составена од 76 партии на национално ниво од цела Европа, претежно активни во Европската Унија. Партијата АЛДЕ е поврзана со Либералната интернационала и е призната европска политичка партија. Основана е на 26 март 1976 година во Штутгарт, како конфедерација на национални политички партии под името „Федерација на либерални и демократски партии во Европа“ и преименувана во „Европски либерали и демократи“ (ЕЛД) во 1977 година и подоцна, во „Европски либерални демократи и реформисти“ (ЕЛДР) во 1986 година. На 30 април 2004 година, ЕЛДР е реформирана како официјална европска партија, „Европска либерална демократска и реформска партија“ (ЕЛДР ПАРТИЈА), а од 2012 го носи името АЛДЕ. ЛДП е полноправен член со право на глас во европската партија, а претседателката Моника Зајкова е членка на Бордот на АЛДЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

Зајкова: ЛДП е доказ дека изборот не е само лево или десно – изборот е меѓу стари навики и нова одговорност

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство