Зајкова: Борбата против современиот патријархат не е завршена, да ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост

Од:

На овој ден, мораме да ја потврдиме нашата посветеност да ставиме крај на родовото насилство и дискриминација, да го затвориме родовиот јаз во платите и да ги промовираме правата и можностите на жените во секоја сфера од животот. Мораме неуморно да работиме на зајакнување на жените и девојките, за да се осигураме дека ние го имаме она што ни е најпотребно во Македонија а тоа ееднаквост, образование, сигурна здравствената заштита и ресурсите што ни се потребни за да успееме и да напредуваме, рече пратеничката и лидерката на ЛДП Моника Зајкова во македонскиот парламент.

– Денес, да ги славиме достигнувањата на жените низ историјата и им оддаваме чест на предводничките кои се бореа за правата на жените и овозможија напредок. Но треба и да потсетиме дека имаме уште многу работа во едукацијата за родовата еднаквост од најрана возраст, борбата со насилството и омоќувањето на жената. 8-ми Март не е само еден ден во кој ќе добиеме цвеќе во знак на внимание туку овој меѓународен ден е за потсетување на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Борбата против современиот патријархат не е завршена. Да ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост. Како либерал-демократка иполитичарка, верувам дека родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност, додава таа.

Зајкова додава дека ни требаат повеќе жени лидерки, повеќе жени на клучни позиции за креирање на одлуки, силни самохрани мајки кои не се чувствуваат напуштени од системот.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Свртете се во салата и погледнете колку колеги мажи има присутни!

(ВИДЕО) Зајкова: Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите да живеат како да е благосостојба

Горан Наумовски

Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен

Зајкова: Секој човечки живот е важен, не смееме да се плашиме да го кренеме гласот против нечовечните, тирански режими

Претседателката на ЛДП, Зајкова и Банка за храна поделија пакети за децата во згрижувачки семејства

(ВИДЕО) Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова легализиран со лажна изјава?