Захарова одлуката на Софија ја нарече „опасна глупост“

Од:

Марија Захарова ја нарече „опасна глупост“ одлуката на официјална Софија да не дозволи авионот на Сергеј Лавров да прелета над бугарска територија.

„Тоа не е само обична глупост, тоа е опасна глупост од страна на претставниците на бугарските власти. Факт е дека воздушниот сообраќај е регулиран со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи и објасни:

„Таа поимот државна територија го толкува како копнени области и територијални води кои се во нејзина близина под суверенитет, заштита или мандат на таа држава. Воздушниот простор не е опфатен со терминот територија“, рече Захарова.

Таа додаде и дека санкциите на ЕУ, кои, како што вели, во секој случај се незаконски, не се однесуваат на нон-стоп летови на лице на кое му е забранет влез во земја, напиша Захарова на својот профил на Телеграм.

Според Захарова, ова е прв случај во историјата властите на една земја да забранат поединец да лета над нејзина територија, бидејќи тоа претходно било дозволено со нотата на бугарското Министерство за надворешни работи.

„Дали бугарските власти мислеа дека можеме да користиме слични мерки против илјадници претставници на НАТО кои се на нашите реципрочни црни листи како одговор? Дали мислеа дека направија опасен преседан? Мислам дека не. Патем, сега сме во Скопје “, напиша Захарова.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа допатува во Скопје каде што учествува на министерскиот состанок на ОБСЕ.

Неговиот авион прелета над Грција, иако првично беше планирано да ја прелета Бугарија. Рутата беше променета откако Бугарија одби да му дозволи на неговиот авион да лета доколку Захарова беше во него.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија внимателно ги следи сите маневри на НАТО кои се дел од хибридната војна

Захарова: Киев продолжува отворено да објавува терористички напади врз Русија

Захарова: Русија се надева дека глобалниот југ нема да учествува во антируските акции

Захарова: Светот треба да го осуди нападот на Украина врз нуклеарната централа Запорожје

Русија: Американци, дали сте сигурни дека тоа беше ИСИЛ, нема да се премислите подоцна?

Захарова: Западот направи се за да ги наруши руските претседателски избори