Захариев вети кеј на реката Брегалница

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави дека идната локална власт ќе го изгради кејот на реката Брегалница и ќе го уреди просторот по течението на реката од населбата „8-ми Ноември“ до штипско Ново Село и бањата Кежовица.

– Брегалница мора да ја уредиме од две причини – прво да не претставува опасност за населението и населбите од поплавување, но и да направиме едно убаво место, шеталиште за нашите граѓани, штипјани, каде што децата ќе возат велосипеди, каде пензионерите ќе пешачат. Ќе ставиме клупи, ќе направиме дрвореди и кочено ќе ја приближиме оваа река до граѓаните, каде што 80 години ништо не е направено токму овде, рече Захариев.

Тој вели дека за овој проект имаат јасно дефиниран буџет, а неговата реализација би почнала веднаш.

Захариев истакна дека идната локална власт има и три големи инфраструктурни проекти, а тоа е доизградба на улицата „Вардарска“ до првата половина на 2014 година, доизградба на булеварот „Партизанска“, кој ќе ги поврезе населбите „8-ми Ноември“ и „Баби“ и реконструкцијата на улицата „Христијан Карпош“ во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада