Захариев ја презеде градоначалничката функција

Од:

Новиот градоначалник на Општина Штип Илчо Захариев од денеска ја презеде  функцијата  од поранешниот градоначалник Зоран Алексов.

– Денеска е празник за Штип, а граѓаните очекуваат реализација на проекти, со кои што ќе имаат решение за проблемите во нивните населби и улици, истакна Захариев.

Тој му се заблогодари на Алексов за начинот на кој досега функционирала општината, но и за тоа, како што рече убавите проекти кои му ги остава да ги сработи во наредните месеци. Захариев истакна дека веќе од понеделник почнува со континуирана работа, а првата средба му е со штипските новинари, бидејќи како што рече се добри коректори на локалната власт.

– Планираме реализиција на многу проекти, а ние и веќе работиме, да речеме еве во населбата Балканска веќе се работи, потоа во населбата Баби веќе се поврзува со спортскиот комлекс, ако отидите во село Судиќ ќе се изненадите, што таму се работи, тоа е заеднички проект на населението и мој, се работи со Сарчиево, потоа во Долани, во населбата Шардаван баш и деновиве мораме да изградиме пат за населението да не гази по кал, а во Стар Караорман жителите наскоро ќе добијат чиста вода за пиење од Филтер станица. Во селото Чардалија веќе се гради фекалната канализација таму се работи во две смени знаеме дека тој проект е и значаен за Чардаклија, но и за Штип, бидејќи знаете од каде пиеме вода, рече Захариев.

Тој забележа дека најпрвин ќе се решат поеднастивните проблеми во урбаните заедници, а ќе се продолжи и со проектот изградба на платформи на реката Отиња.

Поранешниот градоначалник Алексов истакна дека денеска градоначалничката функција му ја остава на човек во кој има верба и знае дека ќе ги реализира сите проекти кои се почнати.

Претседателката на општинската изборна комисија Лидија Савиќ денеска им ги врачи увернијата за градоначалничката функција на Илчо Захариев и на 23 советници во Советот на Општина Штип.

Носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски најави дека нов претседател на Советот на Општина Штип ќе биде познатиот штипски специјалист за уво, нос и грло Влатко Миташев.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември