Захариев градоначалничката функција за Општина Штип ќе ја преземе во петок

Од:

Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип денеска и официјално на огласната табла во зградата на Општина Штип ги објави резултатите од спроведените Локални избори 2013 година.

Претседателката на ОИК-Штип, Лидија Савиќ вели дека по одбиените приговори и жалби од Управниот суд и ДИК денеска е официјално објавено дека градоначалник на Општина Штип е Илчо Захариев, а за 23-те советнички места во Советот на Општина Штип, коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ има освоено 14 советнички места, а колицијата „Сојузот за иднината“ предводена од СДСМ имаат девет советнички места.

– Во петок ќе ги потпишеме и врачиме уверенијата на новиот градоначалник на Општина Штип, Илчо Захариев и за 23-та советници, со што практично работата на ОИК завршува за овие локални избори, рече Савиќ.

Во петок покрај врачувањето на решенијата на новиот градоначалник и советници ќе се изврши и примопредавање на функцијата градоначалник.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар