Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Од:

Носителот на листата за пратеници од изборна единица 6, Небојша Захариески на денешната средба срдба со граѓаните на Гостивар презентираше и дел од програмата „Проглас за достоинствена Македонија“. Захариески на средбата истакна дека на многу гостиварци и на жители од околните села им се одземаат имоти за автопатот што го гради компанијата „Бехтел и Енка“ по цена како што кажа од само 230 денари на метар квадратен.

– Имотот се одзема без никаква направена процена ни според законот, ни според македонските и европските стандарди за проценување. Тоа е една паушална постапка се со цел да се одземе имотот по секоја цена, рече Захариевски.

Тој додаде дека е неопходно, заради обезбедување правна сигурност, еднаквост пред законите и неселективна правда и во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на Републички јавен обвинител. Наместо на предлог на Владата, тој да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години.

Кандидатот за пратеник Захариески на средбата посочи дека е потребно да се зголемат платите во судската администрација, бидејќи како што вели, тоа влијае на корупцијата, на транспарентноста, на непотизмот и на клиентелизмот.

– Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се бори за нулта толеранција за корупцијата како и правда еднаква за сите граѓани, подвлече Небојша Захариевски.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски