ВИДЕО: Заглавени патници во возила кај „Континентал“ и Бит-пазар

Од:

Под подвозникот кај хотел „Континентал“ заглавени се четири автомобили, со патници меѓу кои и деца, а поплавена е улицата и кај подвозникот на Бит-пазар, при што заглавени се неколку автомобили и едно кобе, со вкупно петнаесеттина луѓе. Како што информираа од Центарот за управување со кризи ним во моментов им се помага од страна на службите според приоритет.

Од она што досега е познато, граѓанин, од улицата Киро Крстевски пријавил дека кровот од зградата на пет ката е откорнат и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот. За ова се известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.

„При невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, придружено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат пријави од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи“, информираат од ЦУК.

Градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје