Загинат пешак, двајца повредени во девет сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Еден пешак загина во сообраќајна незгода, а две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две сообраќајни незгоди од вкупно девет што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Полицијата од сообраќај исклучила 44 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, осум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца почетници.

Технички неисправни биле исклучени три возила, осум нерегистрирани, а за непрописно паркирање биле издадени 123 мерки. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 86 возила.

Санкционирани биле и двјаца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, шест возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, двајца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и еден за непоседување пропишана зимска опрема во возилото.

Казнети се и двајца возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 11 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница