Вевчанец загина по удар од моторцикл

Од:

Едно лице почина по повреда во сообраќајна незгода што синоќа се случила во Вевчани.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, несреќата се случила синоќа во 22 часот и 45 минути во центарот на Вевчани, каде Ѓ.П. роден 1990 година со моторцикл марка „Арора“ удрил во пешакот Н.П роден 1962 година, двајцата од Вевчани.

– Моторциклистот не се придржувал на страната и правецот на движење возел со не прилагодена брзина кон условите на патот. Тој удрил во пешакот кој се движел по улицата и му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата фрактура на черепот  што предизвилано крварење во мозокот, изјави Димоски.

Повредениот веднаш бил пренесен во Струшката општа болница  каде му е пружена лекарска помош, а потоа пренесен во болницата „Св. Еразмо во Охрид“, каде утрово им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он