Загина тракторист во Горно Коњари

Од:

72-годишен маж загина, откако управувајќи трактор се превртел и паднал, по што им подлегнал на повредите, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 04.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Горно Коњари, скопско, на место викано „Долг рид“, И.С.(72) од с.Горно Коњари, управувајќи трактор „имт“ се превртел и паднал, а за кусо време им подлегнал на повредите, соопшти МВР.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа