Загина работник од Свети Николе, колега го прегазил со вилушкар

Од:

Вчера во хангар во штипското село Ерџелија се случила несреќа во која животот го загубил 58-годишен работник од Свети Николе, информира Министерството за внатрешни работи.

„На 29 август во 9 часот било пријавено дека во с.Ерџелија-штипско, во хангар од работна машина-виљушкар управувана од С.А.(54) бил прегазен М.Г.(58) од Свети Николе, кој на пат за Медицинскиот центар Штип починал,“ се вели во полициското соопштение.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, додаваат од полицијата.

Пред само десетина дена, 60-годишен работник загина при работа со градежна машина во рудникот Суводол на РЕК Битола.

Според податоците на Македонско здружение за заштита при работа, од 2007 година наваму, во континуитет околу 40 до 50 работници во Македонија годишно го губат животот на работното место, што значи дека во просек секоја недела гине по еден македонски работник.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски