Загина работник на ЕВН во Тетовско

Од:

Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9 часот и 30 минути откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.

-Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот 43 годишен колега вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во тек е увид кој го започнаа да го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес