Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

Од:

Мотоциклист од кумановското село Лопате, излета од коловозот на автопатот Табановце Куманово и почина на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош информираше полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судската медицина за обдукција.

Увид извршила екипа на кумановската полиција.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес

Четири лица се мртви, а 16 се повредени во судир на украдено возило од автобус во Тексас

Горан Наумовски

Момче е тешко повредено во сообраќајка во близина на Битола

Момче загина во сообраќајка на регионалниот пат Охрид – Свети Наум

Горан Наумовски

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Битола – ГП Меџитлија и регионалниот пат Битола – Прилеп

Загина возач на „поло“ откако автомобилот излета од регионалниот пат Битола-Демир Хисар

Горан Наумовски