Загина 67-годишен маж откако со возило излетал од патот Крушеани – Обршани

Од:

67-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани, загина вчера попладне, откако со „југо“ излетал од патот Крушеани – Обршани, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14:05 часот на патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани, кај место викано „Бревче“, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д. К. (67) од село Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот. Притоа, возачот починал на местото на незгодата, соопштува МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа