Велосипедист (65) од Кочани го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на локалниот пат Кочани – брана Гратче, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, несреќата се случи вчера попладне околу 15:30 часот, при судир меѓу патничко возило „Шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот И.Б. од Кочани, и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани.
Од здобиените повреди велосипедистот почина на местото на несреќата, а смртта ја констатираше лекар од Итната медицинска помош во Кочани.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
