Возило излета во река, загина 35-годишна жена

Од:

Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп. 

Автомобил „опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај Сточното пазариште во Прилеп и паднал во реката.

На местото на несреќата загинала 35 годишната Јулијана Ујгуноска од селото Боротино, а нејзиниот сопруг, 43 –годишниот Рубинчо е префрлен во градската болница во Прилеп, информираат од Основното јавно обвинителство во Прилеп кое со полицијата направи увид на местото на несреќата.

Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена за да се утврдат причините за смртта.

Би можело да ве интересира

Истрага за едно лице за ланското убиство на патот меѓу Шишево и Глумово

ОЈО предложи притвор за возачот од сообраќајната незгода кај Требениште

А1он

Хакери посегнаа по сметки на македонски клиенти

А1он

Страшна сообраќајка кај Охрид, четворица тешко повредени

А1он

Таксист удри во велосипедист

А1он

Едно лице загина во сообраќајка во Прилеп

Емир Латифовиќ