Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Од:

Во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот.

– Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата, извести МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Момче почина во кавадаречко Возарци

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски