Загина 61-годишен маж од Делогожда откако со мопед паднал на коловоз

Од:

61-годишен маж од селото Делогожда управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде била констатирана смрт, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 31.08.2021 во 01.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Делогожда, струшко, Г.С.(61) од с.Делогожда, управувајќи мопед „генерик“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар