Загина 35-годишник од струмичко, со мотор излетал од пат

Од:

35-годишен жител на струмичкото село Василево го загуби животтот во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип отоако со моторот кој го управувал излетал од патот. Смрт била констатирана во Клиничката болница во Штип.

– На 02.08.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од с.Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот. По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар