Загина 28-годишен мотоциклист од Скопје

Од:

Вчера вечер околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот Љ.А. од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда, информира МВР.

– По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал, соопшти МВР.

Со телесни повреди се здобила сопатничката, 27-годишната Г.С. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар