Загина 26-годишник од Форино, со автомобилот излетал од пат

Од:

26-годишен жител на гостиварското село Форино го загуби животот откако со автомобилот излетал од локалниот пат Чегрене-Корито.
Телото на загинатиот е предадено на обдукција.

– На 11.10.2025 во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат с.Чегране-с.Корито, гостиварско, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.М.(26) од с.Форино, гостиварско, излетало од патот. Од здобиените повреди, возачот починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција, извести Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар