Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени

Од:

Во сообраќајка што се случи вчеравечер на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак загина 23-годишно момче од Скопје, а со тешки телесни повреди се здобиле две лица од кои едното малолетно. Неколкумина сопатници се здобиле со телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчеравечер, меѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Скопје, патничко моторно возило “форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(30) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Скопје.

– На местото на незгодата починал возачот М.М., а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел корса“ Б.С.(24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото „форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобила Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К.(31) и двајца малолетници констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски