Загина 21-годишен возач откако со камион падна во Вардар, повреден е и совозачот

Од:

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во несреќа во Неготино. Вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од 21-годишниот П.М. од село Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на реката Вардар, во атар на село Црвени Брегови, паднало во реката.

П.М. починал на местото на настанот, а совозачот, 19-годишниот Д.Е. од село.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информира МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар