Загина 20-годишно момче во сообраќајка во Струмица

Од:

20-годишно момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на раскрасницата кај новата автобуска станица во Струмица, објави vis.mk.

Момчето кое управувало мотор марка Сузуки се движело по булеварот Климент Охридски во правец од кај силосите на Жито Струмица кон Радовиш, при што од засега непознати причини удрило во задната страна на автобус на Струмица Експрес, кој во тој момент се враќал од Скопје и сакал да влезе во кругот на автобуската станица.

soobrakajka-str-motor

Екипи на СВР Струмица, истражен судија и јавен обвинител се на местото на настанот, каде вршат увид. Причините ќе се знаат по собирањето на сите докази од несреќата во која матурантот од Струмица го загуби животот, објави vis.mk.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени