А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Манџите од кујната на ВМРО-ДПМНЕ треба масовно да го отрујат народот

by А1он27/12/2012 - 20:5728/12/2012 - 00:50195
Share0

Зоран Заев, градоначалник на Струмица и потпретседател на СДСМ одговара на денеска изнесеното од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонската пералница на мозоци ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш, по којзнае кој пат, се обидува на гнасен и приземен начин да го дефокусира вниманието на јавноста од своите фашизоидни потези со кои ја држи во залог цела држава и сите нејзини граѓани.После секоја афера, политички неуспех, криминално однесување или убиство, нешта кои се карактеристики на досегашниот тоталитаризам на владејачката гарнитура, машинеријата на ДПМНЕ повторно од својата мрачна фиока вади уште помрачна конструкција“, вели Заев.

Добивај вести на вибер

Тепањето пратеници во македонското собрание и газењето на народот надвор од него,вели Зев, властодршците вешто сакаат да го сокријат под тепих со тотално извртување на кажаното во еден телефонски разговор.

„Јас како Градоначалник и Потпретседател на СДСМ потврдив дека кажаното во телефонскиот разговор се мои зборови, а тоа што некој од ДПМНЕ покажува елементарно непознавање на сопствениот јазик и граматика останува народот кој ги гледа овие клипови да суди кој е во право а кој не.Кој е подготвен да пука и кој иницира хаос во државата не е тешко да се претпостави. Тоа се тие кои на протестите на опозицијата во Скопје ставија снајперисти на покривот од градската болница и во околните згради. Тоа се тие кои доследно ги спроведуваа наредбите од писмото на Груевски за конечно истребување на опозицијата. Тоа се тие кои тепаа, газеа, влечеа и понижуваа народ и негови човечки души.Што се однесува до организираниот превоз на членови и симпатизери на СДСМ, во ДПМНЕ се однесуваат како да се паднати од Марс. Се разбира дека еден Потпретседател на политичка партија треба да го организира своето членство. Што е тука чудно?И за крај, отворено прашувам: кој стои зад телефонскиот број 076-337-460 од кој е разговарано со мене? Дали овој број му припаѓа на државен функционер од вашата партија? Манџите кои ги подготвувате во вашата валкана кујна имаат за цел да извршат масовно труење на народот. Народот знае како да ви врати за тоа“, вели Зоран Заев.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто