Заев: Злосторството нема да остане неказнето

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев реагираше по спроведувањето на новинарот Томислав Кежаровски во затворот во Шутка. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека ова е последен пат власта да си игра со човечките судбини.

Вечерва се случи најкукавичкиот, најподлиот, најсрамниот и најбруталниот чин на урнисување на човековите права, со што Македонија во секој поглед го достигна дното на сите дна.

Итното приведување на новинарот Томислав Кежаровски за издржување на затворската казна е настан од кој треба да се срами цела држава. Вечерва и на најзакоравените поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и на сите оние кои се уште веруваа дека постои барем една трошка од некаква слобода и демократија во оваа наша земја, веројатно им станува јасно дека Македонија ги губи сите нишани на една нормална држава. Сега и најголемите скептици во рангирањето на Македонија на 123 место во слободата на медиумите, зад Мали, Либан, Конго, Никарагва, Уганда, Мозамбик и други слични земји, стануваaт свесни за поразителната вистина дека Македонија е на работ на бездната од која нема враќање.

По кој знае кој пат Груевски со лик на најголема кукавица ја применува излитената тактика, во негово отсуство да теледиригира бездушно злосторство, демонстрирајќи сила и грубо кршење на сите можни човекови права. На оној, кој често пати се жали дека му е нанесена душевна болка, а самиот и нанесува душевна болка на Македонија и нејзините граѓани, треба да му биде јасно дека злосторството нема да остане неказнето. Не е прв пат власта да си игра со човечки души и судбини, но нека знае дека тоа ќе и биде последен пат. Засрамeте се од нечовечкиот однос кон човекот, новинарот Кежаровски. Но бидeте сигурни, на ова ваше лудило му доаѓа крајот, напиша Заев.

Screenshot_15

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија