На средбата Заев-Жбогар изразени очекувањата за напредок на државата во европските перспективи и економијата

Од:

Премиерот, Зоран Заев, се сретна со Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во нашата држава, кој го завршува својот мандат во земјава.

Премиерот Заев изрази голема благодарност до евроамбасадорот Жбогар за неговиот голем и значаен придонес во демократските процеси во нашата држава и во сите важни политички процеси, во коишто се отворени евроатлантските перспективи на нашата држава. Претседателот на Владата, Заев, констатираше дека амбасадорот Жбогар на професионално и принципиелно ниво и работејќи со срце, се вложи во добрата иднина на граѓаните и државата.

„На состанокот се изразени очекувања дека Република Северна Македонија, успешно ќе ги почне очекуваните преговори со ЕУ. Оценето е дека е видлива нова енергија за ефективна работа, по изборот на новата Влада, што дава надеж дека државава ќе продолжи да работи уште поактивно и според принципите на европските вредности“, соопштија од Владата.

„Владата е формирана на стабилни основи и очекувам во еден полн мандат, низ заедничко работење внатре во владината коалиција и со одговорно однесување на сите политички субјекти, да покажеме резултати во квалитетот на живот на граѓаните, кон подобрување на животниот стандард и функционална правда“, рече премиерот Заев.

„На средбата е оценето дека граѓаните ги почитуваат храбрите и искрени одлуки на политичарите коишто отвораат перспективи и дека во периодот што претстои, по затворањето на предизвиците што го блокираа развојот на државава, отворен е простор за засилен економски развој. Изразена е надеж дека успешниот пример на напредок на Република Северна Македонија ќе биде поттик за сите држави во регионот, кон европските интеграции“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните