Заев: Заводот за статистика ќе го спроведе пописот на населението во април 2021

Од:

Пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично. Да се растовариме од оваа работа, порача денеска премиерот Зоран Заев во однос на, како што рече, дебатите дали по резултатите од пописот „требало да се отвори Уставот или не“.

– Пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што ни требаат во државата и тоа треба да го спроведеме. Одговорност е на секој граѓанин, не на Заев и Мицкоски, истакна премиерот.

Заев нагласи дека пописот ќе го спроведе Државниот завод за статистика и ги повика граѓаните да ги пополнат анкетните листови.

– Да излеземе на пописот, да си ги пополниме анкетните листови кои сега ќе бидат помали во обем, заради тоа што електронски веќе голем дел од податоците се собрани во Заводот за статистика. Април 2021 година си е месецот за спроведување на пописот, потенцираше премиерот од ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик, каде што изврши увид на изведувањето на градежни активности.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски